Протеините се многу важни за функционирањето на нашиот организам.
Протеини се вклучени во многу телесни функции како што се цврста структура на косата, кожата, мускулите, хормоните и ензимите. Некои луѓе консумираат големи количества на месо, но сепак, немаат доволно протеини во телото.
Кои се три показатели за недостаток на протеини во телото:
Замор
Ако се чувствувате уморни секој ден, тоа значи дека ви недостасуваат протеини. Слаби и уморни не може да се занимавате со спорт и затоа е многу важно да се обрне внимание на внесот на јаглени хидрати и протеини.
Глад
Постојано сте гладни и постојано размислувате за големо парче месо и за храната воопшто, што покажува дека нивото на протеини во телото е многу ниско. Во отсуство на протеини, организамот ќе бара повеќе храна. А доволна количина на протеини може да ве заштити од прејадување.
Кревки коски
Кревките коски се исто така еден од знаците за недостаток на протеини. Ако често се соочувате со исчашувања и оштетувања на коските и зглобовите, тоа често се поврзува со овој проблем.