Неодамна, официјално беше претставен најпрестижниот хотел Morpheus во Макао, потполно подготвен, ги отвори своите врати за гостите од сиот свет.
Последното архитектонско чудо на студиото Zaha Hadid Architects е оваа четириесеттрикатна зграда од која ви застанува здивот.
Дизајниран од починатата Zaha Hadid, новиот луксузен хотел има околу 770 соби, поврзан со три базен-вили и шест дуплекс вили во спектакуларниот комплекс, за кој се тврди дека вреди неверојатни 1,1 милијарда долари.
Morpheus ја претставува првата кула во слободна форма со егзоскелетот на светот, а ги вклучува сите карактеристики и препознатливиот стил на легендарната архитекта, нејзината љубов кон заносните облици и сензуалната архитектура.