Се до појавата на ренесансата за ликовната уметност речиси и да не постоеле теоретски записи.Во тој период најчесто била превземана поетиката од Аристотел кој на поетите им советувал во своите дела да ја прикажуваат природата како самите тие ја доживуваат, а не каква е таа всушност. Така бил воведен своевиден метод на селекција се со една единствена цел, а тоа е да се добие совршено уметничко дело. Два најзначајни трактати во уметноста во 16от век се оние на Frederick Cukari, сликар и теоретичар, а тоа се Disegno Interno и Disegno Externo, мислејќи при тоа само кога уметникот ќе се спои со природното и божественото, тогаш се добива уметничко дело во соврчена форма.

Поимот (Maniera) се појавува во 13от век најпрво во литературата во Франција и Италија. Тој е тесно врзан со вештина на софистицираност и означува префинета, културна и образована личност со ласкаво однесување,(Manieroso). Периодот на појавата на маниризмот во уметноста не е точно дефиниран. Се сместува некаде во периодот помеѓу 1520 и 1590та година. Во Италија се појавува помеѓу (1515-1600) а во Франција (1550-1610). Овој уметнички правец започнува во времето на големите реформи кои настапувале во Европа и порастот на владеењеето на Хабсбуршката династија. Интересен историски период каде се сретнуваат различностите во уметноста. Духовната клима која е присутна во тој период е сеуште под влијание на ренесансата, херметизмот и алхемијата.

Маниризмот како една софистицирана уметност најповеќе и припаѓала и била создавана во царските дворови низ западна Европа. Се карактеризира со нехармоничен изглед на објектите кој не бил карактеистичен за ренесансата. Тој повеќе тежи кон еден алегоричен пристап со доза на енигматичност. Основни мотиви во оваа епоха може да се сретнат во делата на шпанскиот језуит Балтазар Грациана, а во Италија во делата на Емануел Тезаура. Уметничките дела на маниристите се карактеризираат со виртуозно мазна површина и со еден т.н “немирен” третман на светлоста и сенките. Пропорциите на ликовите се издолжени, боите се произволни и помалку неприродни, а играта на светлоста и сенката е крајно вознемирувачка во окото на набљудувачот.

Со изразено интелектуална природа, сосема спротивен од ренесансниот стил, кај маниризмот обликот на објектите се филтрира на еден посебен начин кој патем ја елиминира директната перцепција.

Најзначајни фигури на маниризмот се; Girolamo Francesco(1503-1540), слика необични ликови со необични пропорции, најпознато дело (Автопортрет во конвексно огледало), Jacopo Tintoretto(1541-1614), еден од најдраматичните сликари на оваа епоха иDoménikos Theotokópoulos-El Greco последниот великан на овој правец кој во своите дела внесува еден посебен стил на сликање каде употребува јаки бои,и експериментира до крајни граници со светлото и сенките се со една цел да добие што повеличенствен изглед и подраматичен изглед на своите дела.

Треба да споменеме дека Маниризмот бил сметан за “некоминикативна уметност” која била создадена за мал број на луѓе бидејќи по својот социјален карактер таа може да смести во дворски уметности.

 “Saint Martin and the Beggar” | El Greco

“Christ with the Cross” – Greco (Doménikos Theotokópoulos)

“Summer”-Jacopo Robusti Tintoretto

“Athena and Arachne” | Jacopo Tintoretto 

“The Paradise” by TINTORETTO

“LA SCHIAVA TURCA”, PARMIGIANINO

“SELFPORTRAIT ON A CONVEX MIRROR”-PARMIGIANINO

“Parmigianino’s fresco” in Fontanellato

Bronzino – “Eleonora di Toledo with her son”

Angelo Bronzino -“St Sebastian”

“Déploration sur le Christ mort”-(Bronzino)

“Giambologna” ~ The Rape of Sabine,

PAOLO VERONESE

Antonio da Correggio

“Allegory of Hope”,1542 by Giorgio Vasari

GIORGIO VASARI

“The “Rape of Proserpina” is a sculptural group,Gian Lorenzo Bernini 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР