Галеријата “El-Greco” денес ќе го прослави сребрениот јубилеј (25 години), со изложба на дела од сликарот Свето Манев.
Свето Манев дипломирал на Академијата за применета уметност во Белгард 1970 година.
Зад себе има бројни групни и самостојни изложби.
Сликарот Свето Манев го негува фигуративното сликарство години наназад. Постојаното движење низ времето и просторот и агоничниот психички живот се оската на неговиот ликовен идентитет.
На изложбата ќе бидат преставени наjновите дела на авторот.
Отварањето ќе се случи денес 17.10.2018. од 19 – 22 часот!