И покрај тоа што бил еден од најпознатите скулптори на своето време (Belle Epoque), посебно како портретист, тој бил исклучително срамежлив и не бил склон кон публицитет.
Роден е во аристократско семејство во 1875 година во Фиренца. Неговиот дедо ја основал галеријара Vichi која што наскоро станала многу позната, посебно надвор од земјата, а подоцна била раководена од самиот Ferdinando.
Тој добил бројни награди и медали за својот труд и веќе на возраст од 30 години му била доделена титулата Витез на кралството.
Работел портрети на многу важни личности, Benito Musselini , вклучувајки и три американски претседатели, кралицата од Барода, бројни споменици на паднатите борци во бројни италијански градови, исто така, надгробни споменици во Англија, Швајцарија и Америка.
Физички бил огромен и се натпреварувал со својот пријател и чувен светски шампион во борење грчко-римски стил, Giovanni Raicevich.
Се уште се зборува за неговиот чувен бизнис-дил во кој што е направена размена на познат хотел од Фиренца за едно прекрасно платно од втората половина на 16 век (припишано на Pordenone) кое се уште и припаѓа на фамилијата.
Умрел на Божиќ 1941 година на возраст од 66 година.
