Марк Џејкобс, се чини дека со новата кампања есен/зима 2018 ни порачува – изгледајте шик дури и кога ги шетате кучињата.
Шега на страна, фотографиите од новата рекламна кампања за есен / зима 2018 година, ни ги прикажуваат манекенките облечени во модели инспирирани од облеката што се носеше во 80-тите од минатиот век, додека ги држат доберманите на ланец.
Новата колекција со потпис на Марк Џејкобс ја враќа на сцена модата која воопшто не остана во некое убаво сеќавање во однос на предимензионираните капути со огромни раменици, широки панталони и флуоресцентни бои.