Според некои извори и историски податоци, првите клопми од дрво потекнуваат од раниот среден век, додека други извори укажуваат на фактот дека за слични обувки луѓето знаеле пред илјадници години.
Клопмите биле исклучително популарни во Холандија и во други европски земји, а развивањето на уметноста на дрвени производи и изработка на ваков вид обувки, се пренесувала од генерација на генерација.
Модната куќа Диор ги враќа на сцена клопмите во нивната најубава форма – оние традиционалните, со дрвен ѓон, а за есен / зима 2018 година. моделот на клопми DiorQuake, доаѓаат во различни дизајни и материјали.