“Камиказе” е јубилејниот десетти албум на американскиот рапер Еминем, кој официјално беше објавен на 31 август оваа година.
На него се наоѓаат 13 песни, од кои последната Venom, пред неколку дена доби спот. Venom исто така е и насловната песна на истоимениот филм, кое прикажување започна неодамна во кината низ целиот свет.
Веднаш по објавувањето, песната експресно влезе меѓу првите 50 најслушани синглови во САД, Канада и Австралија.
Спотот за Venom го следи претходно објавеното видео за песната Fall.