John Singer Sargent
роден 12 јануари 1856 во Фиренца Италија, умрел 14 април 1925 Лондон Англија
Американски сликар, еден од најзначајните портретисти на своето време. За време на својата кариера создал околу 900 слики во масло и повеќе од 2000 акварели. Родителите му се Американци, образуван во Париз, а живеел во Лондон.
Познат е како водечки портретиста на високата класа од едвардијанска ера. Поголемиот дел од животот го живеел во Европа.
Портретите ги работел со виртуозност каде што доминира гестот. Во портретот е близку до реализмот, додека во пејсажите покажува допирни точки со импресионизмот.