До не многу одамна, сивата боја беше сметана за многу досадна и тмурна боја.
Но, одеднаш тоа се промени. Еден популарен дизајнер почна да ја користи, а потоа друг и во текот на последната деценија, стана една од најпопуларните бои во домашниот декор. Пософистицирана и поприлагодлива од беж, сивата боја брзо стана кралица на неутралните бои.
Сивата боја е олицетворение на елеганцијата, кога се комбинира со класични детали и софистициран стил. Еден од најдобрите начини за додавање на софистициран и модерен изглед во просторот е да го исполните просторот со црна или темно сива боја.
Ние ви предлагаме да ги погледнете овие дневни простори кои изгледаат софистицирано и веруваме дека секој ќе се пронајде во една од нив.