ASH NYC, бренд познат по своите уникатни дизајни, вклучувајќи ја нивната работа во Dean Hotel, дава нов живот на историските згради, станови, ги надминува корените од 19-тиот век за да станат ентериери од 21-от век, кои лесно се вклопуваат во луксузниот минимализам. Компанијата е изградена од тим на лица со огромно искуство во областа на финансиите, дизајнот на ентериер, архитектурата, урбанизмот и ликовната уметност. Унијата од овие гледни точки претставува основа на нивната интердисциплинарна практика.
Апартманите се ода на минимализмот – стил кој почна да го дефинира дизајнот на ентериеротво 21 век. Внатрешноста е дизајнирана да биде чиста и ефикасна, а тоа доаѓа од мебелоткој ASH NYC го избира за просторот.
Ниту еден детаљ не е неистражен во оваа модерна животна средина. Кујната е исполнета со прекрасни детали кои, истотака, помагаат да се промовира ефикасност кога се подготвува вечера или забава.
Спалната соба нуди прекрасен простор за повлекување. Нешто многу значајно кога живеете во урбана средина. Мебелот е многу малку застапен, додека клучните парчиња се уникатнo дизајнирани.
Страничната столица седи под прозорецот во спалната соба како декоративен елемент.
Овој дом е совршена средина за современиот урбан човек кој ужива во уникатен дизајн. ASH NYC создава модерен луксуз во просторот кој, на крајот на денот, претставува спектакуларна средина.