Дури 80 % од причините на сите смртни случаи се припишуваат на кардиоваскуларни болести, затоа е навистина важно да се работи на превенцијата на овие и слични болести.
Инфаркти, тахикардија или брадикардија се само некои од најчестите болести кои го мачат човечкото срце, а тоа генерално, може да се избегне со поздрава исхрана и здрав начин на живот.
Прочитајте ги овие 3-те правила што треба да ги почитувате за да го направите вашето срце поздраво:
Престанете со пушењето
Застрашувачки е податокот за луѓето кои се зависници од тутун, дека умираат умираат 13-14 години порано од непушачите. Исто така, пушењето ја троплира можноста за појава на срцеви заболувања и го дуплира ризикот од срцев удар, за разлика од луѓето кои не пушат цигари.
Намалување на телесната тежина
И покрај тоа што ова е многу тешко да се направи, обидете се од секојдневната исхрана да ги исфрлите нездравите масти и јаглехидрати. Овие две намирници создаваат вишок на масти во речиси сите делови на телото, што го загрозува физичкиот изглед на лицето, но уште полошо е тоа што дебелината може да предизвика болести на срцето и на крвните садови.
Здрава исхрана
Обидете се да јадете повеќе овошје, зеленчук и житарки, внесувајте здрави масти и протеини, а максимално треба да се избегнат рафинираните шеќери, газираните пијалоци и алкохол, исхрана богата со холестерол, но и сол.