Брендот IKEA, го претстави својот нов каталог за 2019 година, кој е исполнет со свежи производи …
Овој пат, тие понудија нова колекција со ограничено издание, кое е наменето за децата, а се фокусира на играта.
LUSTIGT колекцијата е со шармантни бои и со свеж пристап кон традиционалните играчки со нови идеи кои ќе ги забавуваат децата, но и возрасните.
Колекцијата има пикадо со две лица, боенки, тркало на среќата, оригами, перница во форма на рака и многу други предмети кои ќе го соберат целото семејство заедно во часовите за забава.