На модната недела во Милано, ревија на брендот Elisabetta Franchi ја воодушеви публиката.
Во колекцијата, традиционалните елементи се комбинирани со екстравагантни материјали, со многу принтови и PVC акценти. Класичниот твид е комбиниран со синџири, а на многу модели се појавуваат букви и пораки. Од боите присутна е жолтата портокаловата и аквамарин сината, а лантите се транспарентни и лесни. Всушност се е во некоја совршена хармонија.
Погледнете ја целата модна ревија на видеото подолу …