Компанијата ИКЕА е позната по креирање на интересни и несекојдневни парчиња мебел и декорации, кои имаат за цел да ја зачуваат нашата планета и да го направат светот подобро место за живеење …
Идеален избор за млади луѓе кои живеат во мали апартмани. ИКЕА ни нуди интересни решенија за секој агол во нашиот дом, кој има едноставна скандинавска естетика и минимализам, но истовремено ни дава можност да ја изразиме своја креативност.
Колекцијата SJÄLVSTÄNDIG е полна со шарени куриозити, како модуларни теписи, ногарки, перници, ленти, столови и вазни, при што секој дел е дизајниран за да ве инспирира, да создадете своја декорација, како свој одраз на стилот. Сите парчиња се создадени така што ќе ви понудат темел, односно основа, која треба да ве наведе самите да ја подобрите и развивате понатаму. Со овие производи од ИКЕА, можете да пробате нешто друго кое што ќе ви донесе среќа. Како што вели креативниот директор на ИКЕА, Марија Обрајан: “Опуштете се и изразете се”.