Новата Versace колекција за пролет/ лето 2019 година, плени со силни бои и принтови.
За следната пролетна сезона, Versace препорачува лесни јакни со кариран принт.
На ревијата во Милано, публиката виде интересни фустани и здолништа изработени од најфина кожа во црвена и сина боја кои Donatela вешто го комбинира.
Исто така, присутна е и графиката, везот, како и неодминливиот леопард и змија принт, кои во Versace верзијата се во комбинации – црвено / сино или виолетово / црно.
Кога станува збор за кроевите, присутни се асиметричните.
И на крај, секако, Donatela Versace секогаш ги има најдобрите топ модели на ревијата.