Teddy (мече) – капут, е еден од најпопуларните модели на претстојната модна сезона кој ги освои модните трендсетерки низ целиот светот и нивните модни комбинации.
Трендот кој започна минатата година со лансирањето на Max Mara верзијата во камел нијанса, продолжува суверено да владее и ќе биде голем моден хит во претстојните зимски денови.
Меки, топли и во различни бои, можат да бидат чупави и мазни – овие капути се едноставно неодоливи.
Бундите од право крзно се passe, а Teddy капутите се изработени од вештачки материјали, но и од памук и вискоза, тие не се само моден тренд, туку прават навистина да се чувствувате пријатно и топло кога температурите паѓаат под нулата.