Шти ни подготви за оваа есен брендот Guess?
Есенската сезона ќе го означи вештачкото крзно кое ги краси младешките шик јакни во тонови кои варираат од розева до бордо, додека меѓу дезените доминираат заводливите цветни и страствените змијски.
Машката колекција ќе биде обележана со тексас јакни и фармерки, како и моторџиски јакни изработени од вештачка кожа. Искинати фармерки со ефект на износени, лежерни воени/милитари пантолони со истакнатото лого на Guess, даваат модерна, урбана нота.
Есенската колекција на чевли на овој бренд, нуди удобни чизми до зглобови со силна нота на дивиот запад во црна боја и со леопард и змија дезен, додека кај торбите доминираат преголеми модели, ранци со впечатливо лого и чанти преку едно рамо во црни и метални тонови.
Овие парчиња од оваа одлична есенска колекција можете да ги купите во продавниците Guess и Fashion & Friends.