По нејзината соработка со брендот Reebok, Викторија Бекам презентираше ексклузивна маица за прославата на десетоодишнината на нејзиниот моден бренд …
Позната по своите маички со често деградирачки слогани, поранешната Спајсица го примени нејзиниот мрачен хумор и на ова парче. За разлика од претходните маици, оваа има иконска графика наместо фрази.
Во летото 2008 година, нозете на Викторија Бекам беа sвезда на кампањата на Марк Џејкоб, сликани како излегуваат од огромна торба на брендот Марк Џејкобс. Во тоа време, Бекам работеше на нејзината дебитантска колекција, па од таа причина, одлучи да се потсети на таа снимка. Тогаш, Јурген Телер ја фотографираше поп-ѕвездата која стана модна дизајнерка, само што овој пат таа е заглавена во торбата на нејзиниот моден бренд.