Последните инсталации на проектот x MINI Living ги истражува можностите за изградба на повеќекатни згради со користење на 3D печатари и техники за кои архитектите тврдат дека ќе им бидат достапни на луѓето за брзо и лесно градење на лични домови во блиска иднина …
Технолошкиот универзитет во Ајндховен, заедно со локалното архитектонско студио Houben & Van Mierlo Architecten, планира да го создаде првиот комерцијален -3D печатачар во светот, а ќе биде достапен за изнајмување од компанијата за недвижнини Vesteda.
Именуваниот проект Milestone, ќе се базира на изградба на пет повеќекатни домови во Ајндховен. Првата од овие куќи ќе биде комлетирана и вселива на почетокот од следната година.
Секоја куќа ќе биде испечатена користејќи специјално развиени бетонски мешавини со ниска содржина на цемент. Тимот на Техничкиот универзитет во Ајндховен тврди дека оваа техника ќе има многу мало влијание врз животната средина, како и емисија на CO2, поврзани со намаленото производство и употребата на цемент.
Како што објаснија, оваа техника може да се развие до точка каде што компјутерските софтвери ќе можат да развивијат дизајни и згради за луѓето, односно да им помогне да ги креираат свои домови лично.