Моделот Софија Хаџипантели од Грција не им робува на правилата за убавина и на трендовите, затоа што нејзините дебели и темни веѓи ги истакнува без никакви комплекси, а благодарение на нив, стана хит на Интернет.
На Хаџипантели таа го основа движењето на социјални мрежи наречено #unibrow (споени веѓи) со кои сака да ја прослави уникатноста на различната убавина.
Гркинката вели дека е воодушевена од шокантните реакции на луѓето кои првпат ги гледаат нејзините веѓи.
“Едноставно, јас само одам по улица без никакви размислувања. Негативни, позитивни, охрабрувачки, понижувачки и другите реакции ми се забавни. Не им посветувам големо внимание на коментарите “, кажа 21-годишната гркинка во емисијата Good Morning Britain!