Mercedes-Benz претстави целосно електричен SUV автомобил, чие производство планира да го започне следната година во Германија.
Луксузниот германски автомобилски бренд, кој работи во составот на групата Daimler, го покажа својот спортски автомобил EQC на еден собир одржан во близината на Стокхолм. Меѓу посетителите, се наметна мислењето дека Mercedes EQC е конкурент на “Teslа” model X.
Американската агенција вели дека Mercedes излезе со новото е-возило во време кога Jaguar Lend Rover го нуди својот електричен SUV I-Pace и кога луксузниот огранок на Volkswagen, Аudi, го најавува претставувањето на својот e-tron модел, подоцна овој месец во Сан Франциско.
Во видеото, погледнете го новиот Mercedes EQC модел.