Новата Chanel Eyewear кампања е дефинитивно во рокабили стилот.
Sвезда на рекламната кампања на новите модели на очила за сонце и вид е холандската убавица Luna Bijl, која Lagerfeld ја фотографирал додека позира во кабриолетот.
Манекенката е облечена во препознатливи Chanel кардигани и фармерки, додека фризурата потсетува на оние a la madam Pompadour, со задолжителен детаљ, Chanel марама.
Новата колекција на очила со потпис Chanel е со модерни рефлектирачки стакла, како и многу кристални украси.