Дали некогаш сте посакале да ја поминете цела ноќ на плажа гледајќи ги ѕвездите, додека ве релаксира звукот на брановите?
Па, еве ја вашата шанса да го направите токму тоа и многу повеќе, но без да спиете на песокта. Благодарение на луѓето од “Eye in The Sky”, сега можете да уживате во луксузна вечера во Beach Bubble шаторот на плажа, кој се наоѓа засолнет на познатиот брег Fish & Crab Shack во Finolh.
Ова транспарентно чудо од меур е креирано со користење на високо-технолошки, hi-tech полиестер и дизајнирано да биде отпорно на УВ зраците, вода и оптимално е климатски контролирано. Луксузниот ентериер на шаторот има дрвени подови и мебел, со посебно купатило од ист материјал.
Како дел од искуството на гостите им се советува гастрономско уживање, ручек во Fish & Crab Shack, каде што им се служи скара на плажа, како малдивски специјалитет. Потоа, гостите можат да се релаксираат шетајќи на зајдисонце. Кога ќе се разбудат, ќе можат да уживаат во изгрејсонцето додека доручкуваат покрај водата.
Ова ексклузивно искуство, наречено Dream Eclipse, чини 600 долари за една ноќ