По спектакуларното деби на минатогодишната Модна недела во Париз, соработката на урбаниот моден бренд Off-White и престижната лондонска империја на чевли Jimmy Choo, беше обновена со нова заедничка колекција.
Еклектичната футуристичка колекција “Elizabeth” ни носи “Red” и “Nude” модели на чизми.
Чизмите се елегантни со сатенска силуета, обвиени со латекс и покриени со деликатен тул, што им дава исклучителен потенцијал за комбинирање на дизајнерски и street style парчиња, а бидејќи колекцијата е ексклузивна таква е и цената од 1350 до 1800 долари.