Масичка за кафе е неопходно парче мебел во секој ентериер.
Меѓутоа, ако сте ограничени со просторот, голема масичка за кафе може да го преполни просторот, па затоа е многу важно да одберете масичка која со димензии и стил најдобро одговара на постоечкото уредување на вашиот станбен простор.
Без разлика, дали вашиот дневен простор е уреден традиционално, рустично, модернистички или можеби има бохо или приморска вибрација, постојат масички кои лесно се вклопуваат во постоечкиот стил.
Масичките за кафе можат да бидат дрвени, месингани, од ковано железо или во комбинација на некои материјали, како што се дрво / стакло или месинг/ стакло.
Погледнете ја нашата галерија и инспирирајте се.