Многу е тешко е во модниот бизнис да имате постојани купувачи и да ги претворите во доживотни клиенти, тоа изгледа скоро како невозможна мисија.
Сепак, дизајнерскиот тим на брендот Ralph Lauren е изненаден од тоа колку многу имаат млади купувачи кои сакаат парче облека со потпис на Polo Ralph Lauren, денес повеќе од кога било досега.
Имајќи го ова во предвид, дизајнерскиот тим на познатата американска модна куќа создаде фантастична машка Polo колекција за пролетта 2019 година, која претставува неверојатна мешавина на новини и освежени класични модели.