Мебел и додатоци за домот со холограмски ефект, се нов тренд во домашниот декор.
Во согласност со овој растечки тренд во светот на енетериерот, корејскиот бренд за мебел Orijeen, лансираше уникатна футуристичка колекција на кабинети чија боја се менува според осветлување на просторијата или аголот на гледање.
Холограмска колекција Color Flow е инспирирана од психоделичен дизајн кој ги обележа 70-тите години на минатиот век, а ако сте љубител на овој период, ние сме сигурни дека веќе ќе почнете да сонувате за едно такво паче мебел за вашиот дом.