Шик елеганцијата уште еднаш блесна во есенската колекција на шпанската модна куќа Massimo Dutti, која секогаш нѐ восхитува со квалитетот на материјалите и рафинираните силуети на секое модно парче облека.
Колекцијата претставена под името Stunder е наменета за претстојните студени денови, а дизајнерите се обидоа да останат верни на овогодинешниот препознатлив дух на класиката и минимализмот, кој најдобро ја истакнува женската фигура.
Боите од колекцијата ја отсликуваат убавината на најромантичната сезона, а меѓу клучните парчиња на сезоната се издвојуваат класичните црни костуми, карираните сакоа, панталоните во различни бои и богати цветни дезени, кои идеално се комбинирани со елегантните капути од премиум кожа.