Зелена витаминска бомба
Сите знаеме дека зелената боја во исхраната значи многу здравје и сила за извршување на дневните обврски.
Еве еден smoothie рецепт, одличен за детоксикација а ние го нарековме „Зелена витаминска бомба“.
За подготовка на ова smoothie потребни ви се кељ, половина краставица, еден лимон, целер, јаболко, ѓумбир и вода. Сите состојки треба да ги ставите во блендер и за неколку секунди вашиот рецепт е готов.
Зошто токму овие состојки се добри за детоксикација на вашето тело?
- Кељот содржи витамин Ц, антиоксиданти, витамин А, железо и магнезиум кои се потребни за подобрување на имунитетот.
- Краставицата содржи калиум и витамин Ц и добра е за хидратација на кожата.
- Лимонот содржи Ц витамин кој е корисен за детоксикација, делува анти-бактериски, како прочистувач на крвта и црниот дроб, како pH стабилизатор и н го подобрува имунитетот
- Целерот содржи калциум, Б витамини,железо и магнезиум потребни за детоксикација и смирување на нервозата.
- Ѓумбирот е добар за целиот организам, за намалување на стрес, заштита и превенција од многу болести.
- Јаболкото е богато со антиоксиданси, витамини, железо, магнезиум, калциум, калиум и одлично за подобрување на вашиот имунитет, за здрави заби, варење на храната поради присуството на растителни влакна кои му помагаат на дигестивниот систем.