Актерката Gwyneth Paltrow и нејзината компанија Goop соработуваа со брендот CB2 …
Новата линија на мебел и аксесоари лансирана минатиот месец, ги комбинира крем, сивите и розевите тонови со шампањ златни акценти и модерни линии.
Целата колекција е креативна и инспиративна, потсетувајќи не на просториите што ги гледаме со уживање на насловните страници на списанијата за внатрешен дизајн. Со цени кои се движат од 10 долари нагоре, оваа линија е прифатлива, а колку е привлечна заклучете сами.
Мебелот Curvo Pink Velvet го спојува модерниот стил со раскошната плишана навлака, што го прави неверојатно удобен, додека Gwyneth Boucle столицата се одликува по својата модерност и ве мами да се релаксира во неа, по цел ден.
Лулашката за енериер, акцентирана со тегет и бела боја доаѓа како вистински шик додаток во секоја просторија, додека Chelsea приборот за јадење со своите детали, делува неверојатно привлечно, но и погодно за секојдневна употреба.