Новата кампања на Mango за есенската сезона 2018, создадена е во визијата на познатиот фотограф Марио Соренти и ни носи топли, интимни моменти од секојдневниот живот на нејзините протагонисти.
Кампањата на Mango има за цел да пренесе пријателска порака фокусирана на блиските врски кои различни поединци ги градат не само меѓу себе, туку и со брендовите кои со задоволство ги носат.
Новата есенска колекција претставува чиста трансформација во дизајнот на облеката: еволуција преку модерната естетика, дефинирана од висококвалитетни материјали и јасна посветеност на безвременските парчиња.
Понудата, исто така, вклучува животински принт инспириран од седумдесеттите години на минатиот век и јадрото на колекцијата, играта со боја и волумен.