Грчкиот бог Дионис послужил како инспирација за новото возбудливо гастрономско искуство наречено Divine Proportions (Божествена пропорција) во WONDERLAND BAR, THE VAULTS, WATERLOO.
Дионис е бог на виното, плодноста, уживањето, вегетацијата и животот и токму затоа, оваа уникатна вечера во Лондон се вклопува во имиџот на оваа божественост.
Секако нема да ви биде понудено нектар и амброзија, туку вечера од пет специјалитети која вклучува забава, танчери и костимирани забавувачи.
Менито вклучува фокача од лиснато тесто со многу сос, потоа доаѓа лосос со гарнирано цвекло и боровинки со салата од морски алги, кисели краставички со коморач, амарант и печен сусам.
Потоа, доаѓа друго јадење кое се состои од морска храна од Гвинеја со житарици, сос од портокал и шафран, сервирано со карамелизиран компир, моркови со глазура од мед и зелка.
После тоа, на гостите ќе им се послужи лимончело желе, што е главната увертира за главниот десерт, кој се состои од карамелизирано чоколада со кокосово млеко, пире од малина и штангли од пистачио.
И покрај тоа што ова мени ветува многу, сите се многу возбудени заради личноста костимирана во богот Дионис и други митски суштества кои ќе го зголемат ова уникатно гастрономично искуство.