Добро избалансираната исхрана, заедно со физичката активност е основа за добро здравје.
Здравата исхрана вклучува конзумирање на висококвалитетни протеини, јаглени хидрати, здрави маснотии, витамини, минерали и вода во храната. Исхраната на овој начин, помага да ги одржувате секојдневните функции на вашето тело, оптимална телесна тежина и може да помогне во превенција на болести.
Ова се десетте најздрави видови на храна кои секој човек треба често да ги косумира.
- Лимон
Само еден лимон има повеќе од 100 проценти од дневниот внес на витамин Ц, што може да помогне да се зголеми “добриот” HDL холестерол и да се зајакнат коските. Цитрус флавоноидите кои се наоѓаат во лимоните, можат да помогнат во инхибирање на растот на клетките на ракот и да дејствуваат антивоспалително.
2.Брокула
Едно средно стебло брокула содржи повеќе од 100 проценти од дневниот витамин К и речиси 200 проценти од препорачаната дневна доза на витамин Ц – две суштински хранливи материи за коските.
3.Црно чоколадо
Само една четвртина дневно може да го намали крвниот притисок кај инаку здрави лица. Какаото е богато со флавоноиди, антиоксиданси кои се покажаа добри за намалување на “лошиот” ЛДЛ холестерол, а го зголемуваат”добриот” ХДЛ ниво.
4.Компир
Само еден сладок компир има речиси осум пати поголема количина на витамин А кој се бори против ракот и кој ви е потребен секојдневно.
5.Лосос
Голем извор на омега-3 масни киселини, кои се поврзани со намален ризик од депресија, срцеви заболувања и рак. Исто тка содржи ниацин, кој го штити организмот од Алцхајмерова болест и губење на меморијата.
6.Ореви
Содржат најмногу омега-3 масни киселини, што можат да помогнат во намалување на холестеролот. Омега-3, се покажаа дека го подобруваат расположението и се борат против ракот, исто така, штитат од оштетување од сонце.
7.Авокадо
Богато е со здрави, задоволувачки масти кои се корисни за намалување на холестеролот. Само едно авокадо има повеќе од половина влакна и помага во намалување на ризикот од срцеви заболувања.
8. Лук
Лукот е моќен борец кој може да го инхибира растот на бактерии, вклучувајќи ги и Ешерихија коли. Алицин, соединението кое се наоѓа во лукот, помага во намалување на холестеролот и крвниот притисок.
9.Спанаќ
Спанаќот содржи лутеин и зеаксантин, два антиоксиданти кои го подобруваат имунолошкиот систем, важни за здравјето на очите. Неодамнешните истражувања покажаа дека кај ракот, спанаќот е еден од најефикасните.
10.Грав
Јадење на грав, грашок и леќа четири пати неделно, може да го намали ризикот од срцеви заболувања дури за 22 проценти. Истата навика го намалува ризикот од рак на дојка.