Канцеларијата е место каде поминуваме една третина од своето време и тој простор треба да биде срден, да се чувствуваме пријатно, но пред се, да служи за својата основна цел.
Попис на работи што секоја жена треба да ги има во канцеларијата:
Мала сума на пари, ако се случи паричникот да го заборавите дома.
Конец за заби -Извонредно корисен изум
Турпија за нокти – Без дилема
Огледало – Ако не е на ѕидот, тогаш набавете мало огледалце, секогаш треба.
Полнач – Прво и основно, за сите видови на гаџети. Не си дозволувајте да ги малтретирате колегите за нивните полначи
Самолепливи хартии –
Иако сигурно имате свој планер и аларм во телефонот или лаптопот, секогаш добро ќе ви дојдат самолепливите хартии со напишани обврски или идеи и тоа на видливо место.
Лекови
Не мора да бидат само аналгетици или задолжителната терапија ако ја земате. Секогаш имајте мултивитамин, витамин Ц или аспирин. Никогаш не се знае.
Чадор
Ќе ви затреба најмалку пет пати во дождовната сезона. Не мора да гледате во облаци со молба дождот да почека додека стигнете до дома.