Овој викенд беше одбележан со венчавката на Chiarа Ferragni и нејзиниот Fedez со кого го има синот Лео. Тоа што го организираа, навистина може да се спореди со сцени од најубавите љубовни приказни.
Минатата недела Chiara на Instagram потврди дека на свадбата ќе носи фустан од модната куќа Dior.
Предходната вечер таа носеше фустан од Prada, исто така, направен посебно за неа, а другарките-пратилки носеа фустани од Alberta Ferretti во розева боја.