Пристигна новата кампања на брендот Lanvin за есен 2018 година, со главното лице моделот Birgit Kos.
Новата сезона се базира на трикотажа која ја следи линијата на телото, фустани на фалти и слоевити здолништа.
Играјќи со контрасти, Olivier Lapidus претстави футуристички торби во неонски бои, како и кожни чизми украсени со тантела. Овие парчиња дефинитивно ќе станат многу популарни во следната сезона.