Нагласената или акцентираната боја е смела нијанса што се истакнува од остатокот на просторијата, ја прави посветла, похрабра и многу попривлечна …
Оваа боја може да се појави на акцентирани ѕидови, на неколку разнобојни парчиња мебел или уметнички дела, или едноставно на аксесоари како перничиња. Главната цел е да користите само една акцентирана боја, одбрана од светла палета за да го направите просторот поинтересен, но што ќе се случи ако посакате неколку акцентни тонови наместо само еден? Сега ви ја презентираме токму оваа можност, за инкорпорирање на неколку акцентирани или нагласени бои во вашиот простор од следниве примери:
Одберете доминантна нијанса
Одберете боја која го дефинира просторот, а потоа искористете ја секундарната за суптилно акцентирање
Определете се за спротивени бои
Ако сакате силни и храбри бои, овој метод е дефинитивно за вас. Обидете се со сосема спротивни бои, различни текстури и нијанси, за да создадете поинтересе простор.
Нијанси на виножито
Ако сакате да надминете само две нијанси, користете некои од боите на виножитото за да го декорирате вашиот простор, ова ќе ви овозможи забавен амбиент, живописен и уметнички изглед.