Крајот на летото и почетокот на есента, обично се термините што идните младенци ги одбираат за венчавки и свадбени церемонии.

Во последните децении, исклучително популарни се дестинациите на море, како и церемониите на плажа. Нема ништо погрешно во изборот на бел песок и спектакуларен, живописен поглед кон синото море, но, некако овие идеи се веќе видени.

Двојките бараат уникатни, луксузни начини за сместување на нивните пријатели и семејства на некоја необична и поинаква локација.

Ова значи размислување надвор од рамката и малку повеќе напор да се најде совршено место каде што ќе го кажете судбоносно “Да”.

Носењето на вашите пријатели и семејства на вашето омилено место на кое ќе го  споделите најинтимниот и радосен момент во вашиот живот, е нешто за што сонуваат сите идни младенци.

Креирање на нови спомени е толку слатко во некои нови места, што чекаат да бидат откриени.

Како можете да планирате уникатна свадба од соништата на дестинација која ќе ги остави вашите гости без зборови?

Еве ги неколку идеи:

Назад кон минатото

Патувањето во минатото е можно благодарение на специјално дизајнираната тематска свадба. Пополнете го денот со историска фантазија. Некоја средновековна тврдина може да биде совршен избор.

Дојдете во кочијата и замолете ги деверушите да носат костимирана облека од епохата која сте ја избрале.

Ова е фантастичен начин за вашите гости да се забавуваат, но исто така и да научат за местото каде што ќе ја одржите церемонијата.

Офлајн


Направете предизвик. Натерајте ги сите ваши гости да го исклучат интернетот со тоа што ќе изберете некоја рурална дестинација за свадба. Можете да изберете некој национален парк, или некое егзотично острово. Организирајте голем број на активности за гостите да не ги употребуваат своите телефони.

Има многу начини да ги натерате вашите онлајн гости, барем на денот на вашата венчавка да ги исклучат телефоните.

Креирајте нешто навистина автентично

Одбирање на место или дестинација каде ќе се венчате, значи создавање на меморија за целиот ваш живот. Зедничкото запознавање со некој град, острово, село, планина или езеро, ќе создаде силни врски, бидејќи заедно поминувате низ некое автентично искуство. Можете да изберете свадба на фарма, а потоа да организирате јавање на коњи и да ја истражувате околината. Венчавка во Венеција може да биде романтична ако подоцна ги земете вашите гости со гондола или разгледување на градот од воздух.

Ова за тие кои посебно сакаат да бидат поинакви, уникатни, а за тоа подоцна многу да се зборува.

Венчавка на вода


Белиот песок е супер, но зошто да не размислите за прослава на вода? Венчавка на сред езеро или море е поедноставна отколку што можете да си замислите, а секој капетан на брод ќе се согласи, доволно е само да го прашате.

Поведете ги вашите гости на луксузно крстарење со брод или приватна јахта, или за поинтимна варијанта на некој поголем чамец и потоа разгледајте го крајбрежјето.

Авантура на отворено

Можеби вие и вашиот партнер воопшто не сте типови за венчавка на море. Не сакате плажа и море и сето тоа е во ред.

Во тој случај, авантура на отворено или свадбена организација на живописна локација може да биде одличен избор. Добар избор е планина или село, каде што најубавите позадини за вашите фотографии ќе бидат врвовите на истите планини.

Добрата работа во врска со ваквите свадби е тоа што не морате да патувате некаде далеку. Многу места кои се околу вашиот град или село се одличен избор, но ако сакате нешто диво и егзотично, велат, дека Аљаска е топ дестинација за венчавки на отворено.

Каде и да одберете нека ви е со среќа!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајпаметната тоалетна шоља Numi доаѓа од Kohler!
Следна објаваCalzaturificio DUCAL – високо квалитетни и рачно изработени обувки!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР