Родена е новата ѕвезда на светското книжевно небо Федерико Аксат
“Мистерија” – роман во кој провејува уметноста на Габриел Гарсија Маркес и хуморот на Роберто Болањо –
Одлично создадени ликови, ѓаволски заплет и првокласна приказна…
Тед Макеј има се: прекрасна сопруга, две черки и добро платена работа. Но, откако ќе открие дека има терминален тумор на мозокот, си става пиштол на главата, подготвен да го повлече чкрапалото. И тогаш некој му заsвонува на вратата.
Туѓинецот на прагот му предлага: зошто да не убие двајца луѓе кои заслужиле да умрат? Првата цел е криминалец, а вторатае маж со неизлечлив рак , кој исто како Тед, сака да умре. По извршувањето на на овие убиства Тед би станал нечија друга цел – како дел од самоубиствен ѓердан. И тој ја сфаќа логиката на непознатиот: за семејството на жртвата полесно ќе биде да се справи со убиството, отколку со самоубиството.
И сепак, додека ги извршува убиствата, местата на злосторствата му се некако чудни на Тед. Целите му го знаат иметои поседуваат семејни споменари. Што е уште почудно, Тед ги препознава куќите кои не би требало воопшто да ги знае. И … како неговиот ум почнува да распукува, така сите мрачни тајни од неговото минато почнуваат да капат низ пукнатините.
Издавач – Матица македонска