Диета која ве прави потенки и поумни во исто време? Да, навистина постои!
Со оглед на тоа што дозволената храна е со малку калории, туку исто така го стимулира и мозокот, новата хит диета ве прави попаметни.
Thinking диетата е комбинација на различни диети и овозможува консумирање на исклучиво здрава храна. Таа вклучува храна како што се: риби, грашок и оревчести плодови, но понекогаш можете да се наградите и со чаша вино.
Кога станува збор за диетата Thinking, важно е целосно да се избегнува нездравата храна. Ова вклучува брза храна, црвено месо и слатки, или сите причинители за висок крвен притисок и долготрајни зачепувања на артериите со масти. Наместо тоа, исхраната се потпира на цели зрна житарки, бобинки и многу зелен зеленчук. Тоа значи храна која е ниска со масти и има хипотензивни својства.
Од една страна, таа придонесува за губење на тежината, а од друга страна влијае на менталното здравје.
За меѓуоброците кога ќе бидете гладни, оваа диета препорачува да земете оревчести плодови и чаша вино која ја стимулира циркулацијата.
Можете да ја јадете оваа храна: зеленчук, бобинки, цели зрна, живина, риба, грав, маслиново масло, вино, ореви.
Не смеете да ја јадете оваа храна: слатки, брза храна, пржена храна, црвено месо, путер и сирење.