Црно-белите портрети ја карактеризираат новата рекламна кампања на Вера Ванг за есента 2018 година.
На фотографиите позираат Лиа и Одет Павлова, Сора Кои и Теди Квинливан.
Есенската колекција е прикажана со скулпторски и деконструирани силуети. И како што некој добро забележал “Што добивате кога ќе ги вкрстите Тјудорите кои владееле во Англија во 16-тиот век и легендарниот конусен брусхалтер на Мадона со потпис на познатиот Готије”, одговореот е нова ready to wear колекција на Вера Ванг.
Навистина, Вера Ванг тврди дека Тјудорите биле референтната точка кога ја дизајнирала колекцијата.
Нашите омилени фаворити се широките панталони, кои на црвениот тепих изгледаат фантастично.