Францускиот модел Baptiste Radufe повторно е заштитно лице на новата кампања на Michael Kors за есен / зима 2018 година.
Новата кампања е снимена во ентериер на луксузен хотел, како и на улиците на Њујорк, додека моделот позира во друштво со романската моделка Andreea Diaconu.
Судејќи според фотографиите, новата колекција на Michael Kors ја слави индивидуалноста во богатите есенски бои.
Додека шетаат по градот или пијат пијалоци во локално кафуле, моделите се облечени во моделите од новата есенска колекција која го емитува космополитскиот дух на Њујорк.