Судејќи според инспиративната мода и ентериерите кои ги гледаме во последно време на социјалните мрежи, малите и големи кактуси, станаа едни од најголемите и највозбудливите трендови на сезоната.
Љубителите на билки нема да се покајат ако својата полица или ноќно масиче го оплеменат со мали, разнобојни кактуси, а тие кои имаат поголем простор, можат да внесат повисокото стебло на кактус – бидете сигурни дека фантастичниот ефект нема да изостане.