Пред неколку месеци, бевме воодушевени од колекцијата на патики Allbirds Tree, која беше изработена од текстил добиен од пулпата на еукалиптус дрвото.
А сега, бренд кој меѓу своите инвеститори го има и актерот Леонардо Ди Каприо, ни ги преставува летните апостолки Sugar Zeffers, произведени од бразилскиот шеќер. Да, добро го слушате. Во прашање е шеќерна трска.
Според официјалното соопштение за печатот, поголемиот дел на ѓоновите за обувките се направени од пластична пена наречена EVA која е голем загадувач.