Пигментацијата често се јавува како резултат на изложеност на сонце, а најчесто флеките се појавуваат на рацете и грбот.
Кожата на рацете е најмногу изложена на штетни фактори, а бидејќи содржи најмалку потни жлезди, таа дехидрира брзо и старее. Затоа е важно вашите раце да бидат редовно нахранети со соодветни хидрантни креми кои ги хранат, а во исто време ја штитат кожата од ефектите на ултравиолетовото зрачење..
Ако сакате да ги отстраните флеките на вашите раце, ви препорачуваме да ја пробате природната маска за белење што ја користат Индијките. Ви треба сок од лимон кој го поттикнува лупењето на кожата и куркума во прав која делува против инфламаторно и на кожата и дава сјај.
Се меша енергично една лажичка куркума во прав со лажичка сок од лимон и се нанесува на флеките. По 15 минути исплакнете со ладна вода.
Ако имате многу чувствителна кожа, разредете го сокот од лимон со вода, а можете да го замените со млеко.