Едно од омилените летни овошја – дињата, не само што е идеална за хидратација на организмот, туку исто така и за здравјето.
Вкусни и ароматични, дињите содржат голем број на антиоксиданти кои го штитат телото од обична настинка и многу посериозни болести.
Во народната медицина, ова овошје се препорачува по обилно потење и е добро за нервниот систем. Со освежителната диња, последиците од убодите на инсектите поминуваат побрзо, но и кожата се опоравува побрзо ако изгори на сонце.
Дињата содржи хранливи материи важни за здравјето на очите. Покрај тоа што помага за остар вид, го штити окото од штетните сончеви зраци.
Нутриционистите истакнуваат дека големиот број на бета-каротен, кој освен во дињата, го има во сите жолто-портокалови плодови и зеленчук, им помага и на оние кои страдаат од астма, бидејќи тоа им помага во добивањето на кислород, со што се намалува ризикот од алергиските реакции
Со оглед на големите количества на калиум, дињите се препорачуваат и за оние кои страдаат од хипертензија. Калиумот му помага на телото да го ослободи вишокот на натриум и со тоа го намалува зголемениот крвен притисок. Калиум е потребен за регулирање на балансот на водата и игра важна улога во пренесувањето на електричните импулси до срцето. Растителните влакна од дињите се корисни за чистење на телото од штетни материи и претставуваат вистински рецепт за лечење на надуеност. Во исто време, изобилството на вода во дињата ги стимулира бубрезите.
Дињата треба да се јаде почесто бидејќи е преполна со витамини и други важни состојки неопходни за организмот.