Во Барселона е отворена изложба посветена на партнерката на шпанскиот сликар надреалист Салвадор Дали, Елена Диаконова.
“Елена Диаконова, позната како Гала, се покажа како клучна фигура во опусот на сликарот”… “Изложбата ја прошири нашата визија за Гала – изјави Пепе Сера, директор на каталонкиот Музеј на нациналната уметност, во кој изложбата ќе трае 14 октомври.
“Gala Salvador Dali” е плод на четиригодишна работа на музејот Салвадор Дали во Фигуерас, родното место на познатиот уметник, каде се собрани повеќе од 300 дела од 18 музеи и колекции.
Посетителите можат да уживаат во познати дела на Гали и скици со Гала, како и предмети од приватниот живот на парот – писма, разгледници, фотографии, нејзините фустани и текстови.
“Улогата на Гала во делата е многу поголема од онаа што ѝ се припишува. Таа соработува, дава идеи и размислува заедно со Дали “, вели кураторот на изложбата Естрела де Диего.