Вешто играјќи со весели цветни мотиви, како тренд кој владее, а повторно ни се враќа со секоја летна сезона, спортскиот бренд Аdidas Originals ги изненади своите верни фанови со моделот Stan Smith чиј горен дел е украсен со нежно насликани цвеќиња.
Освен разиграниот дезен, оваа култна тениска силуета дополнително ја оживеаја и боите кои го содржат целиот спектар на виножито, сакајќи да останат верни на љубителите на минималистички стил и обични комбинации на облека.
Adidas исто така создаде црно-бела верзија на моделот кој изгледа подеднакво привлечен и убав.