Архитектите и дизајнерите на ентериери ја продолжуваат својата борба со складирање на што е можно поголем број на функционалности во неверојатно мали простори …
Меѓутоа, покрај сите предизвици со кои постојано се соочуваат, најтешката работа веројатно е како да се избегне клаустрофобичното чувства во таквите станбени единици.
TOWOdesing Studio неодамна го редизајнираше овој стан во Шангај, кој е совршен пример за тоа како креативноста може да создаде удобен простор од мал дом.
Овој стан има вкупно 48 м2, но тоа не го спречува да биде совршено осветлен, весел, отворен и простран. За да се постигне овој совршен баланс помеѓу изгледот и функционалноста, дизајнерите ја организираа оваа единица во низ на функционални кутии.